Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дизајнирани се модни парчиња кои менуваат боја со нивно загревање

/

пред 902 дена

Сподели преку :

Американскиот дизајнер Ким Месшес, дизајнираше модни парчиња кои навидум може да менуваат боја. Неговата колеција содржи серија од по пет парчиња на блузи и здолништа, кои менуваат колор, направени со напредна технологија којашто се активира со топлина.

Облеката е направена од техно-хроматски материјал, кој при загревање менува боја. Пигментите на материјалот се направени од стврдната смола, наместо од обична ткаенина. Боите на дизајнираните парчиња може да се претопуваат од сина во портокалова, но и да преовладува менување од едни во други нијанси.

Ваквиот вид на материјали се прави преку два методи и тоа со течни кристали и леуко бои. Течните кристали се материјал, кој преку загревање и со помош на електрични струи или магнетни прачки, на температура измеѓу 24 и 29 степени целзиусови, помагаат во менување на бојата на облеката. Леуко боите функционираат на принцип на загревање и менување на pH вредноста, па со тоа боите може да се менуваат од обоена во безбојна.