Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Населението во источниот регион старее – се поголема е потребата од домови за стари лица

/

пред 1332 дена

Сподели преку :

Поразителните бројки на иселени ученици во првото полугодие во источниот регион говорат дека општините пополека се празнат, останува да живее само повозрасно население.

Статистичките податоци покажуваат дека за разлика од пред две децении, сега има скоро 140 илјади повеќе над 60 години. Потребата од домови за стари лица е се поголема.

Во Брегалничкиот регион засега Дом за стари лица има само во Берово.

Во март се очекува и негово проширување за 28 легла.

Инвестицијата за четвртата ламела изнесува 35 милиони денари, парите се обезбедени преку Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и Општина Берово.

Според податоците 70 % од корисниците во домот се лица на кои децата им се иселени во странство.

По Берово наскоро се очекува ваков дом во Пробиштип, а штипскиот ќе почека бидејќи градбата засега има статус на дивоградба.

Викторија Јованова