Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)ЈП„Лајка“: Присила е помалку од една година во прифатилиште и бара дом, таа има прекрасен карактер и мила природа

/

пред 851 дена

Сподели преку :

Со помош на Лара Иванова и ЈП„Лајка“ и дава видливост на Присила, на нејзината мила ѕвезда, љубопитност и за жал долгата потрага по дом.

Присила е помалку од една година во нивното прифатилиште и бара дом. Заради нејзиниот прекрасен карактер, мила природа и поради тоа што веројатно била нечиј миленик не е вратена на улица.

Таа е совршено куче, би била совршена за активно семејство кое сака уникатен миленик кој е мешанец од далматинец, обожава луѓе, деца и одлично би се вклопила во сечија фамилија, велат од ЈП„Лајка“.

Повеќе слики од неа можете да најдете тука: https://drive.google.com/drive/folders/1x_Z4CGzmMKjclykdgYvZe_D3Im_olEmg

Како и сите наши кучиња така и Присила е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити.

Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!