Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Магла во форма на коњска глава, спирални и неправилни галаксии – Еуклид со први фотографии од вселената

/

пред 1061 дена

Сподели преку :

Европскиот вселенски телескоп Еуклид денеска ги испрати првите фотографии со сјајна магла во форма на коњска глава, никогаш досега видена далечна галаксија, па и „индиректни докази“ за невидливи темни материи.

Еуклид, кој доби име по славниот грчки математичар, беше лансиреан во јули во прва светска мисија за проучување на вселенски тајни за темните материи и темната енергија.

Има задача да направи мапа на третина од небото која опфаќа две милијарди галаксии со цел да се изработи прецизна 3Д карта на вселената. Бидејчи стигна на 1,5 милиони километри од Земјата, европската сонда почна да праќа први фотографии кои денеска ги објави Европскиот центар за вселенски операции во Дармштад, Германија.

Предноста на Еуклид е широкото видно поле што го има, опремен е со два уреда (оптички и близок инфрацрвен) со чија помош може да прави големи снимки во висока резолуција. И сето тоа го прави брзо – за првите пет фотографии му беа потребни само осум часа.

Европската вселенска агенција (ЕСА) го опишува Еуклид како „детектив на мрачниот дел од вселената“ чија задача е да истражи зошто 95 отсто од неа се состои од темни материи и енергија за која не се знае речиси ништо.