Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маја Сивагнанам е новата амбасадорка на Велика Британија во Македонија

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Маја Сивагнанам e нов амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија.  Tаа ќе ја преземе должноста во август годинава, соопшти Амбасадата во Скопје.

Сивагнанам  ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година.

Според нејзината биографија, Сивагнанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција.

Ова е нејзина прва служба како највисок дипломатски претставник во една држава.