Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мајка во машина за перење ставила новороденче кое почина – хорор во Германија

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Хорор во Албштад во германската сојузна покраина Баден Виртемберг, јавуваат локалните медиуми. Новороденче починало во машина за перење, набрзо откако го ставила неговата мајка, наведуваат обвинителите. Против 35-годишната жена од Баден Виртемберг е подигнато обвинение поради убиство од небрежност. Таа моментно е истражен затвор.

Таа се товари дека, по криење на бременоста, новороденчето го ставила во машина за перење во која детето смртно настрадало. Телото го пронашол нејзиниот партнер во ноќта на 30 март во нивниот заеднички стан во Албштад.

Според наводите на обвинителството во Хехинген, жената ја криела бременоста и на 29 март се породила во купатилото. Нејзиниот партнер наводно ништо не забележал. Обвинета е дека го ставила бебето во машина за перење со валкани алишта и ја затворила.

„Била свесна за можноста и го прифатила ризикот дека нејзиниот партнер би можел подоцна да ја вклучи машината, не знаејќи дека внатре е бебето кое поради тоа би можело да почине“, се наведува во обвинението на државното обвинителство.

Жената во кобниот ден завршила во болница, а нејзиниот партнер ја вклучил машината. Според наводите на обвинителите, тој не знаел дека бебето е внатре. Новороденчето се здобило со тешки повреди на главата и починато како последица на отекување на мозокот, а лекарите веруваат дека причина за смртта бил и недостиг на кислород.