Кошаркарите на Макаби Тел Авив се враќаат во Белград, каде ќе бидат домаќини на Анадолу Ефес и на Фенербахче, соопшти Евролигата.
Натпреварот од 33-то коло меѓу Макаби и Фенербахче ќе се одигра на 24 март во Белград, а Анадолу Ефес ќе гостува кај израелскиот претставник во српскиот главен град на 2 април (четврток), наместо на 1 април како што беше првично планирано, се додава во дописот на Евролигата.
Две години Макаби играше во Белград како домаќин во Евролигата, поради воените активности во Појасот Газа, но доби дозвола да се врати во Тел Авив во декември лани.











