Тројца македонци се осомничени за кривично дело оштетување на туѓ имот, кое е извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти хрватската полиција.
По претходно добиените пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат сообраќаен знак, корпата за отпадоци и информативната табла биле облепени со налепници што содржеле кирилични букви, и ја изгубиле својата намена и име, објави moriski.hr.
Кога полицијата добила пријава, биле пронајдени двајца државјани на Македонија, додека третиот осомничен бил пронајден следниот ден, односно во сабота, 30 мај, на аеродромот.
Станува збор за млади мажи на возраст од 23, 25 и 26 години кои имаат дозвола за престој во Хрватска.
Тие биле донесени во полициските простории за кривична постапка, по што против нив е поднесена кривична пријава и предадени на единицата за притвор на Полициската служба Дуброво-Неретван.











