Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Maкедонец ќе биде екстрадиран од Грција во Германија

/

пред 472 дена

Сподели преку :

„Судот во Солун вчера одобрил екстрадиција на 34-годишен државјанин на Северна Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж.

Тој бил уапсен во мај на граничната премин Евзони, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница.

Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина Хесен. Осомничениот наводно патувал во Германија на службена должност со сограѓани и престојувал во соби изнајмени од жртвата. Сторителите, според германските органи за спроведување на законот, го врзале и му ја затвориле устата на 81-годшниот маж, земајќи пари од неговиот дом. Неговата смрт била предизвикана од задушување.

Пред судиите на Апелациониот совет, 34-годишникот побарал да не биде екстрадиран во Германија, тврдејќи дека на неговото семејство, кое живее во Велес, ќе му биде полесно да го посетува во грчки затвор. Судот го отфрлил неговото барање“ пишува МИА.