Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот од 2025 до 2027 година

/

пред 750 дена

Сподели преку :

Со 168 гласа „за“, Македонија  стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот од 2025 до 2027 година. Изборот се одржа на Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, на социјалните мрежи соопшти дека поддршката од земјите членки на ОН е признание за придонесот на Македонија како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Муцунски нагласи дека една од главните цели по овој дипломатски успех ќе биде активно учество во Советот, со цел глобална промоција на човековите права и подобрување на ситуацијата ширум светот, што е основа и за нашата кандидатура.

Во најновиот Национален извештај за Универзалниот периодичен преглед, земјава е високо оценета за почитувањето и гарантирањето на човековите права и се смета за квалификуван кандидат за членство во ова меѓународно тело. Земјава по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН, откако претходно членуваше во периодот од 2014 до 2016 година.