Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ќе повлече 50 проценти од парите за реформите до декември

/

пред 465 дена

Сподели преку :

Македонија исполнила 40 проценти од реформите предвидени со реформската агенда до декември 2024 година за што ќе може да повлече 50 проценти од предвидени средства од ЕУ за спроведување на тие реформи, односно 8,5 милиони евра. Од петте чекори кои требала да ги заврши земјава до крајот на минатата година, таа целосно реализирала само два и тоа носење на законот за внатрешна финансиска контрола и законот за трговски друштва.

Според прелиминарните заклучоци на Европската комисија (EK) за реализацијата на реформите, чиј кран рок беше крајот на 2024 година, како делумно спроведени се оценети работните групи за праведна транзиција во енергетика, кои се формирани, но не се оперативни, потоа во секторот правда не се пополнуваат на редовна основа слободните позиции на судии и обвинители. Комисијата, исто така, смета дека, иако квантитативно се усвоените 17 подзаконски акти од Министерството за финансии, за неколку подзаконски акти Комисијата имала квалитативни забелешки. Формалниот извештај за овие реформи се очекува да стигне до идната недела, информираат од Министерството за европски прашања.

За целосна реализација на преостанатите три чекори, Македонија има рок од 24 месеци за да ги добие преостанатите средства од 17 милиони евра. Од 8,5 милиони евра кои ќе ги добие сега 3,9 ќе влезат директно во буџетот на државата, 2,1 милиони евра ќе бидат заем преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и 2,4 милион и евара ќе бидат исплатени како грантови.

Според информаците од Министерството за европски прашања, Македонија вчера до ЕК го испратила извештајот за спроведените реформи чиј краен рок беше јуни. Според извештајот испратен до Брисел, земјава ги реализирала реформите како носење на Законот за енергетика, четири закони во делот на дигитализацијата, но не се исполнети реформите како постепеното намалување на субвенциите за производство на електрична енергија, а делумно се спроведени преземените обврските за промени на Изборниот законик, Законот за плати на судиите и обвинителите, Законот за судскиот совет, како и реновирање на зградите во државна сопственост, но и мапирање на 377 давачки и нивна оптмизација.

За јунскиот пакет реформи, за спроведени девете од 16 чекори, Македонија бара ослободување на 38 милиони евра од средствата од Планот за раст за Западниот Балкан. Европската комисијата има рок од 90 дена да ја даде својата проценка за спроведените реформи од земјава од јунскиот пакет.

Тамара Грнчароска