Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија по десетти пат се пласираше на СП во ракомет

/

пред 139 дена

Сподели преку :

Со убедлива реванш-победа вечерва против Словачка во Скопје, Македонската ракометна репрезентација по десетти пат се пласираше на Светско првенство. Ракометарите на Кирил Лазаров само рутинирано и без ниту најмала доза на притисок, вечерва го потврдија осмото во низа, а вкупно десетто учество на  Македонија на еден ракометен Мундијал.

Почетната предност од седум голови заработена пред три дена нагости кај Словачка, за нашиот тим пред се’ значеше психолошка предност, но според денешното сценарио на теренот, бевме подобра екипа во секој поглед.

Македонската селекција на овој реванш прослави доминантно, со конечен резултат 38:23, во кои поентерски предводеше капитенот Филип Кузмановски со 11 погодоци, Мартин Велковски го следеше најдобро – со шест, додека пикерот Милан Лазаревски ја комплетираше средбата со пет реализации.

Светското првенство во ракомет 2027-ма година ќе се одржи во Германија, во периодот од 13. до 31. јануари.