Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

/

пред 537 дена

Сподели преку :

Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници. За разлика од минатата година кога беше на 36 место, оваа година е на 42 позиција.

Во кусото образложение пишиува дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“.

„Иако новинарите не работат во непријателска средина, Широко распространетата дезинформација и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, констатираат од Репортери без граници.

Во регионот Србија бележи раст на индексот за две места и е позиционирана на 98-то место, Црна Гора раст за три места на 40-та позиција, Босна и Херцеговина бележи пад од 5 места заземајќи ја 81та позиција на листата, Косово пад од 24 места позиционирајќи се на 74-та позиција, Албанија со раст од 19 места рангирана е на 99-то место, Бугарија има пад од 11 места и е 59-та на листата и Грција со раст од едно место на 89 место.