Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија, утре на граница, ќе одлучува дали за некому ќе биде забранет влез за роденденот на Гоце Делчев

/

пред 1356 дена

Сподели преку :

Од синоќа за сообраќај е затворена улицата „Самоилова“, каде се наоѓа црквата „Свети Спас“, а каде утре ќе се одбележува 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Од министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека е затворена за сообраќај улицата „Самоилова“ на потегот од улицата „Иљо Војвода“, до крстосницата со „Прохор Пчински“, а в сабота по улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“ ќе се вози само под посебен сообраќаен режим.

Претходно, МВР најави дека ќе ги преземе сите безбедносни мерки за чествувањето да мине без инциденти.

Министерот Спасовски вчера повтори дека утре, на самата граница, ќе одлучат дали некому ќе му забранат влез во Македонија. За најавите дека ќе дојдат околу 150 лица од Бугарија рече дека разменуваат податоци со колегите од Софија.