17 првачиња од основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје се испратени во изолација откако наставничка има потврден позитивен тест од коронавирусот.
Како што информира за Телма градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ една наставничка е позитивна, а за другата се чекаат резултати од направениот тест.
Тие од неделата имале симптоми и останале дома, децата не одат во училиште цела недела. Наставата за нив ќе продолжи онлајн.











