Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30 дена притвор за велешанката што го прободе партнерот-полицаец

/

пред 1830 дена

Сподели преку :

Од велешкиот суд за Телма потврдија дека вечерва е донесена одлука за определување притвор во траење од 30 дена за 23-годишната велешанка осомничена за убиство на 40-годишниот партнер со кого живеела во заедница.

Убиството се случило рано утрово, а девојката и убиениот претходно имале расправа по што таа го избодела со нож.

Откако го пробола во пределот на срцето, велешанката се обидела да му помогне и да го сопре крварењето, а повикала и Итна помош. Прободениот веќе бил починат кога стигнале лекарите.

Инаку 40-годишниот велешанец кој беше убиен работел како полицаец во СВР Велес.

Од СВР Велес соопштија:

Утрово во 5 часот во Велес, полициски службеници ја лишиле од слобода 23-годишната П.И од Велес поради сомнение дека околу 2.20 часот во семејна куќа со остар предмет му нанела убодна рана на својот невенчан сопруг А.Р. (на возраст од 40 години) по што тој починал.

Обвинителството отвори истрага, а соседите за локалните медиуми изјавиле дека ноќта не слушнале ништо, но сведочеле дека жената наводно била малтретирана од убиениот партнер за време на нивната неколкугодишна врска.