16 возачи во Скопје и 12 во Битола се фатени и казнети пради возење на автомобили под дејство на алкохол.
Во полицискиот билтен, стојат податоци за извршени контроли на повеќе места низ државата, а вкупен број на „алкохолизирани возачи“ кои биле фатени во Скопје, на територијата на СВР Битола и на автопатот во реонот Илинден изнесува вкупно 63-ца.
На реонот на СВР Битола се пронајдени пијани возачи во сите градови, соопшти МВР.
-Во текот на изминатата вечер 07/08.05.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 35 возачи. Најголемиот број од санкционираните се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – девет, по пет на подрачјето на Ресен и Демир Хисар…
Во главниот град, во синоќешната полициска акција секој 10-ти казнет возач бил пијан, информираше полицијата.
-Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање…
Пијани шофери се најдени и на автопатот по излезот од Скопје кон Велес, соопштија од МВР.
-Во текот на вчерашната вечер (07/08.05.2022) во периодот од 22.00 до 03.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територија на Илинден, при што санкционирани се вкупно 12 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.











