Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

/

пред 548 дена

Сподели преку :

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска преку објава на својот фејсбук-профил ги демантираше информациите објавени во некои од медиумите дека тој излегува од коалицијата ВРЕДИ.

Гаши посочи дека останува лојален на гласачите што го избрале за пратеник на последните парламентарни избори.

-Како пратеник во Собранието останувам лојален на гласачите што ме избраа на изборите на 8 мај 2024-та година. Значи, Африм Гаши е пратеник на Алтернатива во коалицијата ВРЕДИ. Како претседател на Собранието се трудам да бидам еднаков за сите пратеници и пратенички групи бидејќи тоа ми го наметнува уставната одговорност и функцијата што ја извршувам, напиша Гаши.

Гаши беше претседател на партијата Алтернатива, но по изборот за претседател на Собранието поднесе оставка на партиската функција.

Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити најави дека од коалицијата „Вреди“ ќе произлезе нова политичка партија и наредната недела почнуваат правните процедури за таа цел.

Претходно, Арбен Таравари и крилото на Алијанса кое тој го води најавија самостоен настап на изборите преку советнички листи додека за градоначалничките кандидати дополнително ќе се одлучува. ВЛЕН е дел од владината коалиција.

ДУИ ќе профитира најмногу од промените во коалицијата „Вреди“