Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алиу: За жал има и такви случаи, кога најлошиот бил вработен, а најдобриот не

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Дали и овој конкурс во тетовската Клиничка болница само ќе го потврди сомнежот дека и овој пат може да бидат избрани надворешни лица, наместо персоналот со договор на дело кој со години е ангажиран и чека вработување во оваа болница. За ова во неколку наврати предупреди Бешлиоска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.Министерот за здравство со став дека тоа се јавни повици и не можат да ограничат кој ќе се пријави, кој нема да се пријави.

Сепак има административна процедура и по закон треба да се згрижиме. Тоа е тестирање колку бодови понатаму од таму добивааат. Следната фаза е интервју со директорот и последната фаза е таа листа на кандидати кои биле пријавени и кој што ќе бидат вработени. И тие се процесите дефинирани според закон и ние ги следиме, вели министерот за здравство Азир Алиу.

Ваквите процедури не ги отфрлаат во целост стравувањата на медицинскиот персонал кој чека вработување. Но, првиот човек на здравство смирува дека нивното искуство ќе биде земено предвид во конечната одлука, затоа што кога веќе имате здравствен работник кој работи со години тој автоматски е подготвен за процесите. И затоа директорот има право преку тоа интервју да го вреднува тоа, вели Алиу. Сепак што во ситуација кога директорот има дискреционо право да го елиминира најдобриот.

За жал, да. Ние работиме на тоа за да се смени и јас лично не се согласувам со тој дел, затоа што Вие може да имате дискреционо право да одберете со дел од поените, но тоа да не биде клучниот процес кој што можете …. за жал има и такви случаи, кога најлошиот бил вработен, а најдобриот не, истакнува министерот.

Во меѓувреме, здравствените власти се пофалија со рекордни конкурси – 119 позиции во Тетово и 120 во Прилеп, со најава и за нови вработувања на специјализанти.

Нина Стефанова