Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Анализите од отпадот кај Орман покажале дека во него има олово, предвидени санкции за сторителите

/

пред 1060 дена

Сподели преку :

Четири фирми и две физички лица се вклучени во нелегално складираниот отпад кај селото Орман,  за чиј состав од спроведените анализи е утврдено дека е опасен зашто меѓу другите метали содржи и олово. Според директорот на Инспекторатот за животна средина, опасниот отпад потекнува од фирмата ТАБ МАК од Пробиштип, која го носела до „Рецикал Еко- Старт“ во Чучер Сандево.

Таа од него произведувала оловна паста што се враќала назад во ТАБ МАК преку фирмата Рецикал Еко- Трејд. А, фирмата САТУС го носела опасниот отпад на приватниот имот на двете физички лица.За „ТАБ МАК“ е предвидена парична казна од 88 илјади евра, а „ Рецикал Еко – Старт“ има рок за враќање на згурата во кругот на фирмата, забрана за работа, а ќе биде поведена и кривична постапка против неа.

Отпадот кој нелегално е складиран на приватен имот на две физички лица, кај селото Орман, навистина е опасен, утврдиле лабораториските анализи од земените примероци на тоа место и од кај компанијата Рецикал Еко- Старт, сместена во Чучер Сандево . Во опасниот отпад се пронајдени различни метали, меѓу кои и олово, кажа директорот на Инспекторатот за животна средина.

Олово имаме во едната анализа која што е земена од субјектот „ Рецикал Еко- Старт“. Во стопанскиот двор на „ Рецикал Еко- Старт“ имаме олово 9, 42%. Во местото Орман , од земените примероци, анализата покажа дека има олово 5, 19%, вели Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Опасниот отпад бил депонирал на локацијата од крајот на минатата година, а потекнува од компанијата ТАБ МАК од Пробиштип, која произведува оловни акумулатори и поседува А- интегрирана дозвола. Нејзиниот отпад стигнувал до „Рецикал Еко- Старт“ , за третман за производство оловна паста.

„Рецикал Еко- Старт“ иако Државниот инспекторат не бил информирал, поставил опрема со која што од овој опасен отпад, со водена сепарација произведувал оловна паста и друг отпад. Таа иста оловна паста  потоа ја враќал во „ТАБ МАК“ – Пробиштип преку другата фирма, Рецикал Еко- Трејд, кажа директорот Стојковски.

А, фирмата САТУС го транспортирала отпадот на приватниот имот на двете физички лица , за што имале склучено договор. Истражните органи треба да ги утврдат меѓусебните и сопственичките односи меѓу четирите фирми.

За „ТАБ МАК“ следува парична казна од 88 илјади евра, а „Рецикал Еко- Старт“ треба да го врати опасниот отпад во својот круг, во рок од 60 дена. Доби и забрана за работа од 90 дена додека не стигне измената од Министерството за животна средина на А- интегрираната дозвола што ја поседува. А, против неа ќе биде поведена и кривична постапка пред Јавното обвинителство зашто , како што кажа Стојковски, тоа и МВР покажале интерес за случајот.

Сотир Трајков