Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АНБ е брутално партиски киднапирана, поставен е кадар кој е продолжена рака на Мицкоски – Талески (СДСМ) во „Топ тема“

/

пред 735 дена

Сподели преку :

Назначувањето на директор на АНБ е најскандалозната тема во овие 100 дена во еден куп на скандали што ги направи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Миле Талевски, пратеник на СДСМ, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Има брутално киднапирање, партиско, на највисоката безбедносно-разузнавачка институција во државата, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Поставен е кадар, продолжена рака на Христијан Мицкоски, човек кој што бил претседател на општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, човек кој пред само неколку месеци давал изјави од типот „последен ден на АНБ“, итн., човек кој не ги исполнува условите за да биде директор на Агенција за национална безбедност. Практично ние сме сведоци дека се соочуваме со една страшно опасна ситуација која нè враќа во минатото, како беше раководена УЈправата за државна безбедност од тогашното ВМРО-ДПМНЕ, како 12 години беше злоупотребувана таа институција… Сега, по само 100 дена од доаѓање на власдт на ВМРО-ДПМНЕ, ни се случува класична партизација на Агенцијата за национална безбедност“, истакна Талевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ игра опасна игра и апелира час поскоро да ја преиспитаат одлуката и да се постави професионалчен човек на чело на АНБ.

Антикорупциска ќе ги решава биографските мистерии на новиот директор на тајната служба