Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Антикорупциска сама ќе треба да каже дали е законски, Собранието да и избере претседател пред избори по оставката на обвинетата Димитровска

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Од отварањето на истрагата за оддавање на службени тајни извршени од тогашната прва антикорупционерка- Комисијата која треба да наоѓа корупција во функционерските редови нема претседател, бидејќи до оставката и поднесеното обвинение за Димитровска таа немаше право да работи, но си земаше плата.

Речиси 4 месеци подоцна, по оставката Собранието распиша конкурс за избор на нов претседател- но распишувањето на локалните избори само ја отежна работата. Законот за спречување на корупција вели така.

ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈА И СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ЧЛЕН 34 СТАВ 1 АЛИНЕЈА 3

Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до денот на завршувањето…, не може:

– да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Но, собраниската комисија за избори и именувања не мирува, за во среда е закажана седница за избор на членови на комисијата која ќе ги сослушува пријавените кандидати за нов претседател на Антикорупциска.

Постапката ќе оди поради законските рокови за избор на претседател на ДКСК, ни изјави претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајкоски кој за Телма потврди дека сепак се ќе зависи од одлука на Антикорупциската комисија.

Собранието односно спикерот Африм Гаши минатата недела побарал мислење од ДКСК што да се прави со постапката. Дали да мирува или да се реализира избор.

Доколку се гледа праксата на овој состав на Антикорупциската комисија, постапката ќе треба да биде ставена во мирување или доколку има избор на нов претседател на ДКСК пред официјалниот крај на локалните избори ќе треба да се поништи.

Антикорупциската комисија предводена од обвинетата Димитровска лани со мирување, го поништи изборот и вработувањето на 130 кандидати на Академијата за судии и обвинители и покрај тоа што конкурсот за слушатели беше почнат претходната година.

ДКСК сметаше дека тоа се нови вработувања, а на одлуката е потпишана обвинетата Димитровска. Сега токму Димитровска предизвика слична ситуација, па доколку нејзините колеги одлучат поинаку и не го стават во мирување процесот за избор на нов претседател на ДКСК ќе се проблематизира и ланската одлука односно како е донесена таа одлука.

На Димитровска во истрагата за оддавање службени тајни и беше одземен телефон во кој беше откриена и злоупотреба со полагањето на тестот за сертификат ДРЖАВНА ТАЈНА.

Но, обвинителството досега не соопшти дали во телефонот на Димитровска се откриени и сомнителни комуникации за случајот со Академијата односно дали во такви комуникации има основа за гонење на кривично дело на Димитровска, но и на оние со кои комуницирала за конкретниот случај.

Миомир Серафиновиќ