Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Безбeден град и во Охрид, камерите снимаат но засега нема да се казнува

/

пред 100 дена

Сподели преку :

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува постепено да се применува и на подрачјето на СВР Охрид

Камерите се поставени и снимаат но системот сè уште се тестира и е во фаза на завршна техничка проверка, велат од СВР Охрид.

Во овој период канзи нема да се изрекуваат.

Во наредниот период се очекува да биде целосно активиран и на други фреквентни патни правци во регионот.

Целта на „Безбеден град“ е зголемена контрола во сообраќајот, откривање прекршоци и подобрување на безбедноста на патиштата, при што полицијата апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните правила.