Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Безбеден и организиран пристап до Рамстор Мол за време на реализацијата на новиот градежен проект

/

пред 144 дена

Сподели преку :

Во согласност со планираните развојни активности на нашата компанија Рамсторе Македонија ДОО, започнувамe со реализација на проект за изградба на нов деловно – станбен објект на паркинг просторот на Рамстор Мол кој ќе опфаќа и три подземни нивоа наменети за паркинг простор.

Во текот на изведбата на градежните активности, пристапот до трговскиот центар ќе биде целосно овозможен и организиран согласно сите безбедносни и оперативни стандарди. Посетителите ќе можат непречено да ги користат постојните влезови на Рамстор Мол кои ќе бидат означени со соодветна пристапна и безбедносна сигнализација и регулиран пристап во зоната до и околу градилиштето.

Проектот се реализира согласно важечките урбанистички и технички прописи, со посебен фокус на безбедноста и функционалноста и минимизирање на влијанието врз секојдневното работење на соседните деловни и комерцијални објекти.

Се заблагодаруваме на граѓаните, посетителите и деловните партнери за разбирањето и довербата во текот на реализација на проектот.

Супермаркетот Рамстор, Рамстор трговскиот центар и сите негови содржини остануваат отворени и достапни за нашите посетители и потрошувачи согласно редовното работно време. (Пр текст)