Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бил од Кочани, МНР со информации за македонскиот државјанин најден мртов во Љубљана, а првично се претпоставува дека бил претепан до смрт

/

пред 377 дена

Сподели преку :

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана информира дека добила известување од словенечката полиција дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани.

Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана извести дека е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката.

Првичните сомнежи се дека 38-годишниот македонски државјанин бил претепан до смрт.

Миомир Серафиновиќ

Полицијата во Љубљана истражува дали 38-годишен македонски државјанин бил претепан до смрт