Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Билјана Ивановска во трка за градоначалник на Општина Центар

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Билјана Ивановска, поранешната антикорупционерка во трка за градоначалник на Општина Центар.

Ивановска на овие избри ќе биде независен кандидат за градоначалник објавија граѓанските иницијативи од платформата „Независни заедно“.

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ ја имаат честа да ја претстават истакнатата борка за правда, антикорпуционерка и една од најреспектабилните јавни личности, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалничка за Општина Центар.
Ивановска е поддржана од иницијативите „Шанса за Центар“,  „Зелените за Гази Баба“ и граѓанската иницијатива „398“, стои во соопштението до медиумите.

Досега од имињата кои официјално се објавени како кандидат за градоначалник на Општина Центар е актуелниот градоначалник Горан Ѓерасимовски од редовите на СДСМ кој ќе се трка за втор мандат, додека од ВМРО-ДПМНЕ најавија поддршка на кандидат на ЗНАМ кој партијата се уште го нема објавено.