Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Богоев (СДСМ) во ТОП Тема за преговорите со Алијансата за Албанците: АА не го условува влезот во владата со поддршка за уставните измени-прво концепт за влада, па ресори и соодветни кадри

/

пред 1350 дена

Сподели преку :

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев за ТОП ТЕМА на Телма рече дека Алијансате за Албанците не ја условуваат поддршката за уставните измени со влезот во Влада, но кажа дека нивното приклучување на европскиот фронт во државава е добро за полесно и побрзо спроведување на реформите.

„Зголемувањето на европскиот фронт не е само за уставните измени, има реформи кои треба да се донесат. По завршувањето на скринингот и отворањето на поглавјата, реформите се тие што ќе го трасираат патот. Брзината на реформите и усогласувањето со законодавството на ЕУ ќе покажат за колку време ќе станеме полноправна членка“ рече Богоев.

Пред одржувањето на своето партиско Собрание од Алијансата за Албанците изјавија дека ќе влезат во владата доколку премиерот им покаже дека има двотретинско мнозинстгво за уставните измени потребни за динамизирање на преговорите за членство во ЕУ.

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев убедува дека разговорите со Алијансата за Албанците за коалицирање во владата ќе значат прво договор за програмски заложби, па дури потоа договарање авлез во владата

„Во Алијанса за Албанците внатрепартиски се разговара за можно влегување во владејачката коалиција, а истото ќе се разговара и во СДСМ и коалициските партнери. Како ќе се заврши се тоа зависи од програмските заложби“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во ТОП ТЕМА на Телма.

Тој додаде дека потребни се преговори за идеите и концептите, да се види колку се нивните предлози и заложби прифатливи за владината коалиција.

„Доколку нивните предлози се прифатливи за нас како коалиција ќе се влезе во разговор за ресори и таму е битно каков кадар ќе се понуди, односно дали има соодветен кадар“ рече Богоев.

Од друга страна веќе беа лиферувани „желбите“ на Алијансата кои посакуваат три министерства.