Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бориславова: Прашањето за Северна Македонија задолжително ќе помине на собрание

/

пред 1590 дена

Сподели преку :

Претседателот на пратеничката група на партијата „Има таков народ“ во Бугарија , Тошко Јорданов, и по одржувањето на коалицискиот совет не е сигурен дека нема да има изненадување околу ветото за Македонија.

  • Следејќи го коалицискиот совет за Северна Македонија, со ваков тип на коалициски партнери, не можеме да бидеме сигурни дека нема да има никакво движење околу Северна Македонија“, изјави тој.

Синоќа четирите партии од коалицијата разговараа за ова прашање, а по средбата беше најавено дека евентуалното укинување на ветото за членство на земјата во ЕУ нужно ќе помине преку гласање во Националното собрание. Тошко Јорданов посочи дека „Продолжуваме со промената“ си дозволиле да прават работи и да истакна дека притисокот за укинување на бугарското вето за почеток на преговори со Северна Македонија во ЕУ доаѓа од неколку земји од ЕУ, но одби да каже кои.

Според него, дури и претседателот да го прифати барањето на премиерот Кирил Петков за свикување на Советодавниот совет за национална безбедност на тема „Северна Македонија“, советодавното тело нема да излезе со заедничка одлука.

Синоќа по завршувањето на состанокот на коалицискиот совет портпаролката на Петков, Бориславова само изјави дека коалицијата ќе делува заедно.

  • Она што треба да го истакнам во однос на Северна Македонија е тоа дека темата е многу важна за бугарското општество и за бугарската позиција. Па оттука коалицијата имаше многу контруктивен дијалог на оваа тема, се согласивме дека за нас најважно е дека е потребен широк консензус по ова прашање, нешто што се потврди и со ветувањето кое го дадовме како коалиција дека ова прашање обавезно ќе помине на собрание, а до тогаш ќе ги оставиме дипломатите во министерството за надворени да ја продолжат својата работа, кои работат и во овој момент и се обидуваат на најдобар начин да го заштитат бугарскиот интерес што е и позиција на целата коалиција, рече Бориславова.