Во планинската област околу Шипковица вчера доцна попладнево паѓале материјали во облик на црни снегулки за што жителите ги известиле надлежните државни инспектори за животна средина.
Инспекторите вчера околу 13 часот проверувале дали облакот чад од тетовскиот пожар се движел и кон Брвеница, но до тоа време немало ништо во таа област. Облакот од чад се движел во тој правец.
Инаку во огнот изгорела големо количество на стока од пластичната материја Полистирен (PS). Овој материјал е многу токсичен, односно при допир со топлина, при пожари и горење ослободува канцерогени токсини.
Државниот инспектор за животна средина за Тетово ни објасни дека ова опасно ослободување на канцерогени честички се случува во првите 30 минути од горењето бидејќи за тој период се деградира опасниот дел од Полистирен после што нема опасност.
Непријатен мирис во воздухот во Тетово по вчерашниот пожар
Вчерашните временски прилики во Тетово погодувале за да се избегнат големи негативни влијанија врз животната средина и врз здравјето на луѓето бидејќи поради разликите во воздушниот притисок, опасниот чад се креваше високо каде настапувала деградација на опасните канцерогени честици без да има директно влијание врз луѓето.
Покрај тоа, чадот и остатоците кои гореле се движеле во правец кон Шар планина, а јавувањата на жителите на Шипковица го потврдиле правецот. Според инспекторот со кој разговараше Телма, остатоците што паѓале биле поголеми од пепел, а не биле опасни.
Сепак, анализите за опасноста на она што изгореле се уште не се предадени и се изготвуваат од страна на специјално обучен тим на Армијата кој користел софистицирана опрема од американско производство.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека првичните анализи покажале дека нема птровни гасови, но не се знае дали има штетни гасови ослободено во воздухот во Тетово.
Миомир Серафиновиќ
Ангелов: Нема отровни гасови од ниту еден вид по вчерашниот пожар во Тетово











