Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола

/

пред 435 дена

Сподели преку :

На територијата на државава денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, три се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи , активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, како и во Октишка краст во општина Струга, во село Опае во општина Липково и во село Вирче во општина Делчево, каде гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во село Радуша кон село Дворце во општина Сарај и во општина Арачиново, каде гори ниска вегетација, а во село Мало Илино
во општина Демир Хисар гори дабова шума.