Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца 30-годишни скопјани најдени мртви во викендица во Гостиварско

/

пред 282 дена

Сподели преку :

Полицијата информираше за трагичен настан во кој двајца мажи се најдени починати.

Починатите се најдени во викендица во гостиварското село Горна Ѓоновица и на нивните тела немало знаци на насилство.

Од гостиварската полиција информираа дека телата на двајца 30-годишни мажи се предадени на обдукција. Повеќе детали ќе се знаат по извршениот увид и истрагата.

СВР Тетово го објави следното соопштение:

На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени починати Т.Ј.(30) и И.Н.(30), двајцата од Скопје. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од OВР Гостивар.