Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден од осомничените за двојно убиство пред Кривичниот суд-со „не“ одговори на прашањето дали го извршил убиството на Вања. Вториот приведен донесен преку гаража

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

Во придружба на тројца полицајци, Велибор Манев, еден од тројцата осомничени за учество во убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, е донесен во зградата на Кривичниот суд за распит по барањето на обвинителството за определување на мерка притвор.

Тој на прашање упатено од присутните новинари, дали го извршил убиството на Вања, одговори „не“, додека на прашањата дали признал вина и како е поврзан со убиството на Вања не одговори.

Еден час по него, во судот беше донесен уште еден осомничен за двете убиства. Полицијата го внесе преку гаражата, а пред новинарите се појави од внатрешната страна на скалите преку кои полицајците го однесоа кон првиот кат. Новинарка му довикуваше дали ја убил Вања, но осомничениот за убиството на девојчето не кажа ништо додека полицајците го носеа со лисици на раце и со зафат полуга поради што беше поднаведнат.

Полицијата и обвинителството соопштија дека се осомничени три лица, еден е недостапен, а едно лице е повикано во полициска станица. За тројца приведени е баран притвор.

Кој е идентитетот на осомничените за убиството на Вања, чии иницијали МВР и Обвинителството не ги соопштуваат