Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Европската унија добила барање од Македонија за помош во справување со пожарите

/

пред 458 дена

Сподели преку :

Европската унија доби барање од Скопје за помош во справување со пожарите, со што македонските власти го активираа Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, информира портпаролката на Европската комисија за подготвеност Ева Хрнцирова.

– Како одговор, Центарот за координација на итни интервенции (ЕРЦЦ) мобилизираше два авиони од „РескЕУ“ од Грција да се распоредат во погодениот регион за брза интервенција, изјави Хрнцирова за МИА. 

Таа додаде дека овие авиони за гаснење пожари се однапред распоредени на југот на Европа во пресрет на летната сезона за да можат веднаш да дејствуваат ако е потребно.

„РескЕУ“ претставува надградба на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ со цел дополнителна заштита на граѓаните од катастрофи и за справување со новите ризици. Тој е основан како стратешка резерва на европските капацитети за одговор на катастрофи, целосно финансиран од ЕУ.