Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон Дер Лајен го помести знакот „Не“ од микрофонот, аплаузи и повици фашисти- како се одвиваше обраќањето на претседателката на ЕК

/

пред 1561 дена

Сподели преку :

-Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации, истакна претседателката на ЕK, Урсула Фон Дер Лајен којашто пред пратениците во Собранието и тврдеше дека предложената преговарачка рамка е во согласност со европските критериуми.

Во еден момент, кој не беше прикажан во директниот пренос, некој на микрофоните на говорницата стави мал транспарент со „НЕ“ за францускиот предлог за преговарачката рамка. Фон Дер Лајен го спушти од микрофоните и продолжи со говорот.

Пратениците од владеачката коалиција, како и оние кои го подржуваат францускиот предлог, неколкупати станаа и аплаудираа на говорот, особено при потенцирањето на засебноста на македонскиот јазик и идентитет.

Пратениците на опозицијата кои се против беа облечени во маички со „НЕ“ и со транспаренти против францускиот предлог и решенијата кои според нив задираат токму во прашањата за идентитетот на Македонците.

При еден дел од говорот и аплауз, се слушна „Предавници“, „Фашисти“. Говорот на Фон Дер Лајен продолжи и не беше прекинуван, а претседателката на ЕК го пофали и се забалагодари за демократското однесување на пратениците при нејзиниот говор.