Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Герасимовски: Општините се подготвени и сами да ја одржуваат хигиената ако им се префрлат ингеренциите

/

пред 166 дена

Сподели преку :

Општина Центар, а верувам и другите општини, се подготвени и сами да ја одржуваат хигиената доколку ни се префрлат ингеренциите, порача Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тоа го покажавме и пред изборите кога се соочивме со огромен проблем со хигиената.Имаме 120 хигиеничари кои што се постојано на терен. Секое утро ги почнуваат нивните работни обврски од училиштата, градинките, потоа продолжуваат кон сите останати улици и зелени површини. Но, проблем е чистење на сметот од самите контејнери и околу контејнерите. Не треба прстот да го покажуваме кон сите градоначалници, треба малку и меѓу себе да си ги покажеме прстите. Сите доста шетаме. Јас она што последно што го видов во Амстердам е отворање на подземните контејнери со картички и фрлање на смет во реонот во кој што живеете. Ако живеете во Дебар Маало, не смеете да фрлате смет во Капиштец“, истакна Герасимовски.

С.Д.