Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема полициска акција против мрежа за трговија со дрога

/

пред 374 дена

Сподели преку :

На неколку локации низ Скопје, во населбите Ѓорче Петров, Хром и Нерези, вчера попладне беше извршена координирана полициска акција за разбивање на организирана група осомничена за трговија со дрога. Акцијата ја спроведуваа инспектори од Одделот за сузбивање на организиран криминал при МВР, во соработка со обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Според информациите, цел на акцијата била група која дистрибуирала кокаин на поширокото подрачје на главниот град. Во рамки на истрагата беа извршени претреси, а досега се приведени неколку лица и запленети се помали количини дрога, мобилни телефони и парични средства. Од МВР најавуваат дека по завршување на акцијата, јавноста ќе биде информирана со повеќе детали во текот на денешниот ден.