Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груби, Талат, Изет, Даштевски од ДИК, директорката на Козле, многу пратеници, па дури и советник на ДКСК-добија глоби за прекршување на Законот за спречување на корупција

/

пред 603 дена

Сподели преку :

Талат Џафери, актуелниот вицепремиер Изет Меџити, но и неговиот претходник -бегалецот Артан Груби се најдоа на новата листа на Антикорупциска за функционери кои сториле прекршоци и не го почитувале Законот за спречување на корупција.

Груби треба да плати двесте евра затоа што не праќал одговори на Антикорупциска, а доскорешните сопартијци Џафери и Меџити треба да платат по 300 евра казна затоа што поранешниот собраниски спикер бил и пратеник и технички премиер додека Изет Меџити „заборавил“ да поднесе анкетен лист за имотната состојба.

На листата има вкупно 86 графи за износот на глобите кои ги добиле функционерите, а некои како пратеникот Борислав Крмов имаат по две изречени глоби. Прекршоците се однесуваат на периодот од почетокот на 2024-та година, а Антикорупциска за првпат ги објавува јавно и постојано ќе ги ажурира.

–Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија, соопшти ДКСК

На листата е и советник на самата Антикорупциска комисија. Додека адвокатот Стевица Јосифовски бил ангажиран за советник на антикорупционерите лани, ДКСК му открила дека не поднел изјава за интереси бидејќи претходно бил член на комисија во Агенцијата за електронски комуникации.

Две глоби во вкупна вредност од 600 евра треба да плати и директорката на детската болница Козле, која што бараше новинарите да не и го спомнуваат името при известувања за нејзиното раководоење со болницата и разрешување.

Таа, по име, Каролина Симоновска, заборавила да поднесе имотни листови и кога станала директорка и кога беше разрешена.

Глоба од 300 евра му е пишана на доскорешниот претседател на ДИК, Александар Даштевски затоа што „ја прекршил забраната за користење на грант, заеми,односно финанска поддршка“.

Антикорупциски прекршоци направиле и поранешните министри за здравство Илир Демири и Фатмир Меџити, поранешни или актуелни пратеници како Иванка Василевска, Зоранчо Јованчев, Горан Мисовски, Арбер Адеми, Марија Костадинова.

Најмногу глоби се изречени за пратеници и за неподнесување на анкетни листови од страна на функционерите.

Миомир Серафиновиќ