Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИЈЗ со препораки за заштита од пожари- исклучете ги системите за вентилација кои внесуваат надворешен воздух

/

пред 467 дена

Сподели преку :

Институтот за јавно здравје излезе со сет препораки за заштита на населението од последиците на пожари во непосредна близина.

Посебен апел е упатен до децата, постарите лица, бремените жени и хронично болните, кои треба да останат во најзаштитените и затворени простории.

Од ИЈЗ советуваат граѓаните да ги следат известувањата од надлежните служби, да држат затворени прозорци и врати, и да исклучат системи за вентилација кои внесуваат надворешен воздух.

Во отсуство на професионални маски, за време на евакуација препорачуваат привремена заштита со влажна крпа преку носот и устата.

Препорачливо е секој дом да има подготвена торба за евакуација со документи, лекови, храна, вода и средства за лична заштита.

При симптоми како отежнато дишење, кашлица или вртоглавица, неопходно е веднаш да се побара медицинска помош, а лицата изложени на чад да се изнесат на свеж воздух.