Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Исплатени 5,5 милиони евра субвенции за сточарите- истиот ден кога тие излегоа на протести пред влада

/

пред 288 дена

Сподели преку :

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информираат надлежните институции.

Станува збор за околу 5,5 милиона евра сточарски субвенции за ланската година кои се исплаќаат десет дена пред Новата 2026-та година. Субвенциите се исплатени истиот ден кога сточарите организираа протест пред владата. Во просек се исплаќаат околу 4.520 евра по сточар.

Средствата се наменети за поддршка на сточарското производство и претставуваат дел од континуираните мерки за унапредување на земјоделскиот сектор и обезбедување поголема финансиска стабилност за земјоделците, велат надлежните.

Во однос на корисниците на кои сè уште не им се исплатени субвенциите за 2023 година, од институциите информираат дека е потребно тие да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и поединечно разгледување на секој случај.

Од Агенцијата апелираат земјоделците навремено да доставуваат целосна документација, со што ќе се забрза процесот на обработка и исплата на средствата.