Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Калајџиев: Не само Грковска, никој не е задоволен од резултатите на Јовевски, понижувачки е странски експерти да помагаат на неспососбните институции

/

пред 1410 дена

Сподели преку :

Судирот меѓу милениците на власта како Јовевски и власта преку изјавите на вицепремиерката Грковска, за првпат се открива во јавноста и е резултат на странскиот притисок поради слабите резултати во борбата против корупцијата, смета кривичарот Гордан Калајџиев.

Откако вицепремиерката Грковска го искритикува државниот обвинител Јовевски за немање резултати, а тој и возврати во иста мера, Калајџиев нотира дека владата го предлага и тој има одговорност кон неа.

-На прв поглед се чини дека аргументите на републичкиот јавен обвинител до некаде се издржани кога тоа би се сметало дека е некаков притисок од власта. Меѓутоа тоа е само привидно. Објективно и тој самиот мора да биде самокритичен, вели професорот Калајџиев.

– Не само Грковска, никој не е задоволен. Не постои некој којшто е задоволен од неговите резултати како државен обвинител. Ниту пак покажал претходно некакви резултати, ако бидеме искрени и да си признаеме. Ова се некои негови лични амбиции, да продолжи кариера без да се има трошка самокритика. Дека обвинителството има сериозни проблеми и дека самиот обвинител во голема мера е виновен за тоа- нема никакви дилеми, ни изјави Гордан Калајџиев универзитетски професор по кривично право на Правен факултет „Јустинијан Први“-Скопје.

Но доаѓањето на странските експерти пак е уште полошо, докажува дека се лоши  резултатите на институциите за борба против криминалот, а понижувачки е за државата и за владеачката гарнитура.

-Се гледа дека државните институции и политичката елита се, не само вознемирени, туку и многу збунети. Сакаат да ја свртат целата приказна на тоа дека е добронамаерна помош која заедно со нашите големи сили ќе даде големи резултати во иднина и бла, бла. А суштината на пораката, односно оној суштински дел е дека државата нема институции кои се способни да се борат со корупцијата, а и генерално дека не е функционална во повеќе сфери, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Мислам дека целата идеја (на функционерите) е да се покаже дека тука треба и нешто ќе се направи отколку сега ние да завртиме дека „еве благодарам“, а ние ќе се понижиме како држава. Но еве ќе ја звршиме работата и ќе го излижеме тоа, ќе го преболиме тој понижувачкиот дел, поентира Калајџиев.

Доаѓањето на специјалните странски тимови, не само американскиот, има и германски тим,а есента беа и француски експерти, треба да се реши со оставки или дури и со техничка влада, смета професорот Калајџиев.

Според него контроверзниот предлог за ветинг е само споро решение за купување време.

Миомир Серафиновиќ