Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе има ли расправа за истрагата за Кочани?

/

пред 498 дена

Сподели преку :

Трет по ред обид ќе има Левица денеска со кој ќе бараат на постојаната Анкетна комисија за заштита на човековите права да се дискутира за пропустите во истрагата за дискотеката Пулс во Кочани . Дел од партиите со забелешки за начинот на кој се води истрагата, а од Левица потенцираат дека  допрва ќе се отвараат многу прашања кои бараат медиумско внимание за како што велат  да се изврши притисок врз институциите да почитуваат рокови. Пратениците од албанската опозиција кажаа дека ќе присуствуваат на дебатата. Но во текот на вчершниот ден истакнаа дека  апсењата се  под партиски клуч на владината гарнитура. Од партијата на власт барањето на  Левица го нарекоа  егзибиционистичко, без да потврдат  дали денеска ќе присуствуваат на седницата.