Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Македонски државјани со бугарски пасоши може да гласаат во три држави

/

пред 324 дена

Сподели преку :

Во три држави може да гласаат македонски државјани со бугарски пасоши и со пасоши на други земји-членки на ЕУ.

Тоа е во согласност на изборните правила на Европската Унија и уникатен пример е во светот за избори, објаснува Александар Спасов, професор на скопскиот Правен факултет „Јустинијан Први“, во интервју за КОД.

Државјанин на држава од ЕУ може да гласа на парламентарни и доколку има претседателски избори во земјата каде има државјанство. Потоа може да гласа на локални, регионални и европски избори во државата од ЕУ во која има пријавен престој, а доколку има живеалиште во Македонија и важечки личен документ може да гласа и на македонски избори.

Ова е разјаснување откако имаше споредби на изборниот систем на ЕУ со локалните избори кај нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KOD Lupevska (@kodlupevska)

Во интервју за КОД, професорот Спасов ги објаснува и аномалиите во законите во Македонија кои овозможуваат на македонски гласачи кои имаат живеалиште и адреса во државата да гласаат на локални избори, иако со години, па и со децении живеат во странство.

Проблемот е во тоа што законски е препишана одредба од закони пишувани во време на социјализмот, а потоа таа е преземена во Изборниот законик.

Дилемите се отворија откако имаше ново авионско носење на гласачи-туристи, пред се во Кичево.

Спасов предлага законски измени за да се регулира ова прашање, бидејќи кога гласаат луѓе кои со години живеат во странство за општински и локални избори, тогаш се губи смислата на локалните избори, одлуките да ги носат преку избори тие што живеат во конкретната општина.

До редакцијата на КОД пристигнаа и повеќе наводи дека автобуски превоз бил организиран и на дијаспора за да гласа во повеќе општини во источна Македонија и во општини на југот на државата. КОД ги проверува овие наводи.

Миомир Серафиновиќ

Дел од интервјуто со професорот Александар Спасов беше објавено во изданието на КОД прикажано премиерно на Телма на 09.11.2025.