Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Концертите ќе чинат 800.000 денари, тендерот за ЕКСПО е почнат со реализација по доделувањето – владата со одговор за 1,7 милиони евра, но без објаснување за “современ македонски идентитет”

/

пред 454 дена

Сподели преку :

Попладнево, владата одговори на прашањата на Телма за тендерот од 1,7 милиони евра доделен на Здружението “Јавна соба” за подготовка и учество на ЕКСПО 2027 во Белград, Србија.

Велат дека набавката веќе се реализира и е обемна, а претставувањето на ЕКСПО има за цел “да се презентира Македонија со целосен потенцијал кој го имаме, особено во делот на туристичката, деловната и инвестициската дестинација која ја нуди Македонија”.

Нема одговор што значи, од владата, употребениот термин “современ македонски идентитет “, но се наведува дека за музичка презентација се предвидени 800 000 илјади денари (околу 13 илјади евра). Во понудата на Јавна Соба пак стои сума од 3 милиони денари за десет концерти за отсликување на  “современиот македонски идентитет”.

Во продолжение прашањата и одговорите од владата.

Дали тендерот, јавна набавка која е склучена за ЕКСПО 2027-ма година веќе се реализира и со што?

Одговор од владата: Во врска со Вашите прашања Ви посочуваме дека реализацијата на овој договор започнува со склучување на договорот, а организаторот ја диктира динамиката и роковите. Ова опфаќа повеќе сегменти како што се адаптирање на предлог-дизајнот, согласно определениот павилјон на EКСПО, проверка и одобрување на изведбено решение од страна на EКСПО и сертифицирана компанија, добивање одобрение за градба во надлежно министерство во Белград, програмски промо активности, како што се веб-страница, структура и дизајн, креирање на комуникациски алатки и други развојни стратегии.

Зошто во договорот е наведено „современ македонски идентитет“ и што тоа значи? Колку ќе чини еден концерт согласно набавката?

Одговор од владата: Целта е да се презентира Македонија со целосен потенцијал кој го имаме, особено во делот на туристичката, деловната и инвестициската дестинација која ја нуди Македонија. За музичката програма, согласно предвиденото е определена различна цена, а вкупно се определени 800.000 денари.

Со концерти за 50 000 евра ќе се отсликува современиот македонски идентитет на ЕКСПО во Белград, стои во тендерот на владата