Проширувањето на границите на ЕУ кон западниот Балкан е моќна алатка и многу важен чекор во време кога Русија се обидува да шири влијанија во овој регион, но и во Европа, порача литванскиот министер Владислав Кондратович кој денеска поштпиша договор за полициска соработка и за реадмисија со домаќинот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Кондратович одговори дека руските хибридни закани се шират кон северот на Европа, но и кон јужниот дел на стариот континент, но тврди дека Литванија и соседите успешно се одбраниле од ефектот.











