Антикорупционерите пријавија, финансиската полиција истражувала половина година, а сега обвинителството треба да го гони измамникот кој преку фирмата „Еуро Церт“ нудел и наплаќал лажни сертификати за безбедносни стандарди за лифтовите кои се инсталирале преку јавни набавки во болници и јавни институции. Физичко лице со фантом фирма фалсификувало хрватски документи и потписи од директори за ИСО сертификати, а битолска фирма за сервисирање и монтажа на лифтови со лажната документација конкурирала.
„Пријавениот знаел и бил свесен дека изготвените Сертификати за ISO Стандарди се лажни и со невистинита содржина, ги дал на повеќе правни субјекти за да ги употребат како вистински, за што со ваквите превземени дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во значителна вредност, во вкупен износ од шест милиони денари, “ се наведува во дописот на финансова до ОЈО.
Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови. Монтирале, сервисирале и одржувале лифтови во болници и јавни установи. И владата доби предупредување и да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма. Штети и жртви нема пријавено, но сеуште останува неодговорно прашањето до надлежните институции кој ги инсталира и монтира лифтовите во јавните установи каде циркулираат илјадници граѓани дневно, со оглед дека затаил процесот на проверка на овие безбедноси сертификати.
Павле Беловски











