Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кривичната пријава за поранешниот премиер Ковачевски се однесува на други дејствија, велат од обвинителството откако и тој беше спомнат од МВР

/

пред 675 дена

Сподели преку :

Не е отфрлена кривичната пријава што ја поднесе МВР за експремиерот Димитар Ковачевски и за поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски,  а во Обвинителството ги проверуваат наводите на полицијата со објаснување дека станува збор за други дејствија.

-Двете лица се пријавени за сосема друг временски период и за други дејства, а на седницата на 6-ти јуни 2023 година, кога точка на дневен ред била наведената одлука, претседавал единствено сега осомничениот, одговорија од скопското Обвинителство.

МВР поднесе кривична пријава против 8 лица, но обвинителството отвори истрага за 6-мина.

Со пријавата за „Државна Лотарија“ е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби кој пред акцијата на полицијата ја напуштил државата и во Косово заминал со почесниот косовски конзул Арсим Папранику во дипломатско возило. Осомничен и е поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами. Се сомничат дека набавиле непотребни ВЛТ апарати за коцкање, во вредност од над 8 милиони евра.

За двајцата се уште се одлучува дали ќе им биде определен притвор, а и Груби и Бајрами се надвор од Македонија.