Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кумановската итна помош се превртела трипати, очевидци за несреќата во Скопје со 4-ца повредени

/

пред 1277 дена

Сподели преку :

(фотографија од видео на skopjeinfo.mk)

Во сообраќајна несреќа во Скопје меѓу возило на Итна помош од Куманово и фолксваген туран од Скопје повредени се 4-ца.

Итната помош носела 72-годишна пациентка со кардиолошки проблеми на скопските клиники.

На последната раскрсница кај зградата на Нова Македонија се случил сударот, а возилото на Итната помош имало вклучени ротациони светла и според очевидците се превртело трипати, обjави скопјеинфо.мк кое сподели и видеа од полицискиот увид.

Најтешко повреден е возачот на туранот, а повреди имаат и пациентката од Куманово, 40-годишната медицинска сестра (повреди на раката од превртувањето) и 23-годишниот возач на Итната помош.

Полицијата изврши увид и ги итврдува причините за несреќата, а во продолжение и соопштението на МВР:

На 21.04.2023 во 23.20 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.