Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

/

пред 1085 дена

Сподели преку :

Во сообраќајна несреќа, што се случила утрово на патот Скадар-Коплик, во северниот дел на Албанија, македонски државјанин со своето возило  усмртил пешак.

–  Лицето Е.И.(24) жител на Гостивар, Северна Македонија со своето возило удрил во пешакот М.П.(77) од село Омарај, Голема Малесија. Како последица од здобиените повреди пешакот починал, соопшти полицијата.

Сообраќајната несреќа се случила околу 5:40 часот во близина на селото Омарај.

Возачот на автомобилот е приведен во Полицискиот комесаријат во Скадар. Увидот треба да ја утврди причината за несреќата.