Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон ќе посредува кога „ќе дојде време за тоа“, Ѓорѓиев бара историските прашања да останат надвор од процесот

/

пред 1598 дена

Сподели преку :

Макрон е подготвен да посредува меѓу Македонија и Бугарија „кога ќе дојде време“ за тоа. Францускиот претседател синоќа телефонски разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и бугарскиот претседател, Румен Радев, околу спорот што го блокира почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Франција, која во моментов е претседавач со ЕУ, сака спорот да се надмине до крајот на месецов, но таквиот исход засега е неизвесен. Елисејската палата соопшти дека Макрон во разговорите изразил „целосна поддршка за договор меѓу двете земји кој ќе придонесе за добрососедски односи и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства.” Макрон очекува, откако двете земји ќе се договорат за надминување на спорот, „нивниот билатерален договор“ да се склучи  во Париз.

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, негираше дека врз неговата земја се врши политички притисок за решение.

Копретседателот на Мешовитата историска комисија, бара историските прашања да останат надвор од политичко-преговарачкиот процес.

Вчера, премиеорт Ковачевски рече дека се` уште нема никаков предлог на маса од француското претседателство, а Скопје и Софија треба да изнајдат решение за отворените прашања.Во сабота, на разговори со политичкиот врв во двете земји ќе пристигне и германскиот канцелар, Олаф Шолц.

Далиборка Демјанска