Барање за поведување подготвителна постапка спрема 17-годишно дете поднесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен судија за деца во судир со законот, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело – Убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Во близина била мајката, која успеала да го оттурне детето и веднаш да повика медицинска помош.
И по извршен оперативен зафат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, таткото е во животозагрозувачка состојба.
Со барањето за поведување подготвителна постапка во согласност со Законот за правда за децата, јавниот обвинител предложи на малолетникот да му биде определена и мерка притвор.











